(ВИДЕО+ФОТО) ГОРИ ОКОЛУ АТИНА: Грчката престолнина е на чекор да потоне во мрак
И Грција се соочува со страотни пожари. Атина е опколена со оган, a градот може да остане во мрак, додека пак илјадници луѓе избегаа од домовите поради пожарите. Пожарникарите не можат да стигнат насекаде каде што избувнуваат пожари.


Жителите на две населби во подножјето на планината Парнита се евакуирани. Стотици луѓе се евакуирани со чамци од блискиот остров Еубеја.
Сѐ уште без контрола е пожарот на островот Евија. Крајбрежната служба, спасила 631 лице од плажите и крајбрежните делови од североисточниот дел на Евија. Активни се пет големи пожари во кои интервенираат над 1.100 пожарникари, а битката со огнената стихија во текот на денот се води и преку воздух со авиони и хеликоптери. Помош за Грција досега испратија повеќе земји како Франција, Шведска, Кипар, Израел, Хрватска и Романија. Повеќе од 150 шумски пожари избија низ Грција од вторникот. Министерството за финансии најави итни исплати до 6.000 евра за луѓето кои изгубиле имот и рече дека ќе следат други мерки.
