(ВИДЕО+ФОТО) Делови од Словенија се под вода, силно невреме ја зафати земјата
Невреме ја зафати Словенија.
Југозападниот дел од Приморје го зафати бура. Реките Драгоња и Бадашевица се излеаја од своите корита. Надлежните служби предупредија дека врнежите ќе продолжат и утре попладне, и дека може да има брзо зголемување на поројните води, објавува 24ur. Метеоинфо објави дека неколку патишта и згради се поплавени и дека се случиле лизгања на земјиштето. На места паднале повеќе од 150 мм дожд, а условите на теренот се исклучително опасни.




Невремето оштети неколку патишта во областа Копер, се случи лизгање на земјиштето пред тунелот Декани од правец на Чрни Кал кон автопатот, а пожарникарите регистрираа приближно 70 инциденти поврзани со невремето во областа до 10 часот наутро.
И во делови од Хрватска попладнево има невреме.
