(ВИДЕО+ФОТО) БУДВА НА УДАР: Еве какви бранови и се закануваат
Големи поплави се очекуваат во Будва.
Улиците се под вода, а големи бранови се закана за домовите на граѓаните.
Стотици граѓани, припадници на Службите за заштита и спасување, Комунална полиција, Водовод и Комунални претприемништва, со полни вреќи песок кои ги поставуваат на крајбрежјето и во внатрешноста на улиците.
Тие се обидуваат да ги спасат своите домови од поплави.
Морето низ канализациите продира до куќите, а веќе се поплавени и локалите кои се наоѓаат на приземје.
Бранови од неколку метри има во Петровец.

Слично
