Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Зошто пее Пешевски?

(ВИДЕО) Зошто пее Пешевски?
Вицепремиерот за економски прашања Пешевски денеска се распеа. Почнува да пее на 2 минути и 22 секунди од видеото. Она што зачудува е што Пешевски досега не сме го виделе во вакво издание. Вицепремиерот за економски прашања беше видно добро расположен или пак сакаше да ја разбие тремата во настапот. Можеби славеше поради тоа што како што рече бројките за економијата во Македонија покажуваат раст. Инвестиции, вработувања, БДП, с`е расте! Има време и народот да ги почувствува бенефитите. Можеби пак сакаше да покаже дека бомбите на Заев немале никакво влијание врз неговото расположение. „Со бомбите што ги објавуваат, тие свесно ги нарушуваат односите со Република Кина. На неодговорноста на СДСМ и желбата да се дофати до власт по секоја цена и нема крај, а тоа Македонија ќе ја чини многу“, рече меѓу другото Пешевски. Како и да е одгледајте го видеото. Ќе ве расположи... на 2, 22.... [embed]https://www.youtube.com/watch?t=144&v=lnwFl4g1bAU[/embed]
Слично

Поврзани вести