Видео: Зошто никогаш iPhone нема да се произведува во САД?
Блумберг направи одлична анализа со која дава одговор на прашањето зошто iPhone никогаш нема да се произведува во САД. Одговорот за многумина е едноставен, тоа е евтината работна сила во Кина како и владините субвенции за големите фабрики. Сепак, причината е многу покомплексна.
Според податоците само 2,2% од цената на производството на iPhone се должи на вложениот труд, сето останато значи склопување на компонентите и испораката. Во Кина постојат два града со мега фабрики Шенжен и Женгжу каде се склопуваат најголемиот дел од бројните електронски уреди.
Главната предност е големата понуда на компоненти од добавувачите на Apple, тука се мисли на компоненти за екранот, камерите, батеријата, внатрешните чипови, мобилната антена, материјалите за куќиштето и слично.
Со ваквата лесна и брза достава на компоненти гига фабрики како Foxconn стигнуваат до многу пониска цена на производство и склопување на еден iPhone што му овозможува на Apple за 65% повисока продажна цена, а со тоа и огромни профити.
