Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Зошто Еди Рама се потсмеваше со Грција и Црна Гора?

(ВИДЕО) Зошто Еди Рама се потсмеваше со Грција и Црна Гора?

Албанскиот премиер Еди Рама им се потсмеваше на Црна Гора и Грција, овој пат на панел-дискусија во рамките на самитот одржан во Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ).

„Како Грк, секогаш ги потценувате другите луѓе затоа што верувате дека имате монопол врз филозофијата и дека сте директни наследници на Платон и Аристотел, но не сте“, рече Рама.

Тој имаше ироничен коментар и за Црна Гора.

„Црна Гора е најголемата и најмоќната земја во регионот. Има 50 милиони жители. Мали сме, но Црна Гора е таа“, рече Рама.

Рама зборуваше слично на панелот во рамките на Берлинскиот процес во Лондон кон крајот на октомври минатата година, на кој учествуваше и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Додека Спајиќ зборуваше, Рама често го прекинуваше велејќи дека Црна Гора има два збора „црна и планинска“, а кога црногорскиот премиер објаснуваше колку е стара Црна Гора и дека ја вратила својата независност во 2006 година, Рама повторно направи упад велејќи дека Црна Гора е „постара од Грција и Србија“.

foto Facebook/Edi Rama


Слично

Поврзани вести