Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жителите на Мостар за земјотресот: „Беше страшно, ова досега не сме го почувствувале“

(ВИДЕО) Жителите на Мостар за земјотресот: „Беше страшно, ова досега не сме го почувствувале“

Според дежурните информации во полицијата, противпожарната и итната служба во Мостар, како и во Оперативниот центар за цивилна заштита, нема пријави од граѓани или правни лица за штети или последици од синоќешниот земјотрес.

Во изјави за N1, граѓаните на Мостар сведочат дека не паметат земјотрес како синоќешниот.

- Нема штета, но беше страшно. Имало земјотреси, но таков не сме почувствувале досега.

- Се мислам дека ќе престане, нема да потрае долго, но тоа баш потраја, но фала богу немаше загуби.

- Неочекувано, но тоа е, што да правиме, виша сила.

-Сите овие години немало силен земјотрес на ова подрачје. Утрово ги прашав и моите постари сограѓани, ни тие не се сеќаваат.

Граѓаните велат дека од јачината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а оние кои живеат на повисоките катови пријавиле дека паѓале работи врз нив.



Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести