(ВИДЕО) Жесток говор на Груевски, дали амбасадорите го омекнаа?
Груевски на денот на револуционерната борба порача дека за Македонија ќе одлучуваат Македонците, а не странците.
Тој во салата на МОБ изјави дека на денешниот ден на ВМРО сака да ги потсети сите дека народот ќе решава на 24 ти април кој е во право.
„Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого“, рече македонскиот премиер.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=daMXMaWbnD0[/embed]
Тој упати порака и до олеснувачот во преговорите Ванхауте.
„Договорот од јуни и јули треба да се почитува без разни толкувања од интересите на политичките партии. Тој не може да служи како појдовна тока за нови преговори и договори. Секој треба да пристапува со максимална сериозност, треба да го почитува тој договор. Зборот не може да биде нов збор, тој што потсетува за зборот треба да потсети на друго место, а не пред македонскиот народ“, рече Груевски.
По говорот во МОБ пет амбасадори од ЕУ и САД имаа средба во Владата со Груевски, со цел како што рекоа да му укажат колку е ургентно да се спроведе договорот од Пржино.
По таа средба се очекува продолжување на преговорите во клуб на пратеници.
Слично
