(ВИДЕО) ЖЕНА БЕЗ СРЦЕ: Унгарска снимателка добила отказ бидејќи ги шутирала и сопкала бегалците!
Снимателка од унгарската телевизија Н1ТВ е отпуштена денес поради снимката на која се гледа како ги шутира бегалците, вклучувајќи и деца, додека тие бегаат од полицијата во приватниот центар Реска, на југот од земјата.
-Една колешка од Н1ТВ денес се однесуваше на неприфатлив начин во приватниот центар Реска - соопштил на Фејсбук главниот уредник на таа телевизија Саболч Кисберк, додавајќи дека нејзиниот договор за вработување од денеска е поништен и дека Н1ТВ оваа работа ја смета за завршена.
На снимките може да се види како Петра Ласло сопка човек во трка, кој во рацете носи дете, а потоа во друг инцидент шутира и едно дете како бега.
Снимки од инцидентите се појавија и на Интернет телевизискиот канал Н1ТВ.
Снимените инциденти се случиле кога стотина бегалци го пробиле кордонот на полицајци во приватниот центар Реска, близу до границата со Србија.
Погледнете ги снимките:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nuxpTsm0O04[/embed]На Фејсбук е покренат и „Сид на срамот“ во кој корисниците се повикуваат да ги осудиуваат ваквите испади против бегалците.


