Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕШКО ВО БУГАРИЈА - илјадници демонстранти и 45 повредени

(ВИДЕО) ЖЕШКО ВО БУГАРИЈА - илјадници демонстранти и 45 повредени

Се вжештуваат протестите во Софија. На улиците на главниот град на Бугарија излегоа илјадници граѓани, на еден од најголемите протести во последните два месеци откако е побарана оставка од премиерот Бојко Борисов, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите се судрија со полицијата на протестите , а полицајците отстранија стотици демонстранти со камиони. Полицијата уапси 35 демонстранти кои фрлаа јајца, јаболка и ѓубре кон безбедносните сили околу зградата на парламентот.

Демонстрантите, исто така, ги тресеа полициските автомобили и ги напаѓаа полицајците со бибер спреј за самоодбрана, рече Георги Хаџиев, началник на полицијата во Софија. Околу 45 лица, вклучително и полицајци, завршиле во болница.

Протестот се одржа на првиот ден од собраниската седница по летната пауза. Демонстрантите ги обвинуваат премиерот Борисов и главниот обвинител Иван Гешев за неуспех во борбата против корупцијата. 

Погледнете го видеото.


Слично

Поврзани вести