Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕНА ХЕРОЈ: Босанка раскажа како успеала да ја спаси својата ќерка од поплавата

(ВИДЕО) ЖЕНА ХЕРОЈ: Босанка раскажа како успеала да ја спаси својата ќерка од поплавата

Мајка и ќерка од Босна и Херцеговина(БиХ) раскажаа како се мачеле да се спасат од поплавата која се случи пред неколку дена. 

Лејла Залихиќ, жителка на Бутуровиќ Поле и нејзината ќерка Асја се спасија.  Жената скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во надојдената вода и ја спасила својата 13-годишна ќерка.  Нивната куќа е уништена.

„Мене ме однесе водата. Се вртев во круг и така зедов воздух“, се присетува Лејла.

Ова трауматично искуство го раскажа и ќерката. 

„Слушнав како некој вика, викаше за помош и го викаше моето име. Мислев – нема кој друг да биде, освен мајка ми или баба ми“, раскажува ќерката на Лејла, Асја. 

Жената вели дека потоа добила сила да плива до својата ќерка, а кога ја нашла таа била помодрена од студот.  Девојчето рече дека ставло дрва под себе, за да не мора да плива, а потоа се разденило, се спасила, но било студено и страшно. 

По пет исчезнати уште се трага. Во поплавите во неколку босански општини загинаа најмалку 20 луѓе. 


Слично

Поврзани вести