Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕНА ГО НАВРЕДУВАШЕ ЦИПРАС ПРИ ЛЕТ ВО АВИОН: Му порача дека местото му било в затвор

(ВИДЕО) ЖЕНА ГО НАВРЕДУВАШЕ ЦИПРАС ПРИ ЛЕТ ВО АВИОН:  Му порача дека местото му било в затвор

Гркинка во текот на авионскиот лет забележала дека со неа патува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по што почнала да се расправа со него. 

Жената вербално го нападнала затоа тоа во негов мандат е решен спорот за името. 

„Ова ќе ви го кажам како адвокат. Се смеете, се шетате слободно, а местото ви е во затвор. Набрзо ќе бидете таму. Ни ја уништивте земјата, нас нè нарековте насилници и фашисти, вие сте најголемиот фашист и предавник на оваа земја“, му рекла жената на Ципрас.

Набрзо на жената ѝ рекле дека е доволно тоа што го кажала и ја замолиле да се повлече, но таа продолжила со нејзините осудувања.

„Не разбирам. Ми ја предаде земјата и го продаде она за кое нашите предци се бореа, а и понатаму се шета слободно. Што е? Не сакаш да слушаш?“ - го прашала жената.

На крајот луѓето успеале да ја оддалечат жената од Ципрас. 

„Додека ЕУ се соочува со последиците од својата трагична одлука да не даде зелено светло на интегративниот пат на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство“, обвини деновиве Ципрас.

Претходно, Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност за предлогот за започнува пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.


Слично

Поврзани вести