Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Зеле 2000 евра за да „заташкаат“ однесени докази од место на убиство

(ВИДЕО) Зеле 2000 евра за да „заташкаат“ однесени докази од место на убиство
Заедно со двајцата инспектори, во синоќешната полициска акција во Чаир е уапсен и нивниот началник. Сите тројца се осомничени дека примале поткуп од граѓани за да не им поднесат пријава за сторено кривично дело. Според првични информации, полициските службеници на возраст меѓу 33 и 40 години, вработени во СВР Скопје, зеле поткуп од околу 2.000 евра за да не поднесат пријава во врска со кривично дело „убиство“. Целиот случај започнал уште на 26.02., кога оштетениот во конкретниот случај, инаку близок роднина на убиениот Исмаили И., од лице место подигнал предмети на убиениот (пиштол), со што го пореметил лице местото на кое требало да биде извршен увид. Иако за ваквото негово дејствие бил поднесен Посебен извештај до надлежниот Јавен обвинител, осомничените почнале да го бараат и да му се закануваат дека ќе му поднесат и кривична пријава доколку не им исплати поголема сума на пари. Поткупот го примиле од оштетениот кој во текот на вчерашниот ден им ги исплатил парите во непосредна близина на Полициска станица “Гази Баба“. Но, оштетениот претходно делото одлучил да го пријави во полиција, при што банкнотите за исплата биле обележани. Четирите банкноти во апоени од по 500 евра, инспекторите се обиделе да ги раситнат во менувачница во чаир, каде што биле уапсени. Полицијата објави и официјално видео од апсењето: http://www.youtube.com/watch?v=Ae79UOQLBrM Поткупот го примиле од оштетениот кој во текот на вчерашниот ден им ги исплатил парите во непосредна близина на Полициска станица “Гази Баба“
Слично

Поврзани вести