(ВИДЕО) Завршија средбите на еврокомесарот Хан со Заев и Груевски
Претпладнево во резиденцијата во Пржино започнаа средбите на еврокомесарот Јоханес Хан со политичките лидер.
Прв на средба со Хан влезе Заев.
После завршувањето на истата, опозицискиот лидер во изјава за медиумите истакна дека неговата партија сака често да се претстави пред граѓаните и да им обезбеди фер и слободен израз на волјата на изборите, а за да се случи тоа ќе мора да се исполнат кристално јасно условите од договорот.
Обврска на сите е слободната волја на граѓаните да биде гарант...Имаме обврска сите партиципиенти во овој процес чесно да пристапиме пред граѓаните, гарантирајќи им слободна изразена волја и секако исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности. Posted by Zoran Zaev on петок, 15 јануари 2016
Заев ја напомена важноста од слободата на медиумите и прочистенот Избирачки список.
По средбата со Заев, еврокомесарот се упати на средба со премиерот Никола Груевски.
Тој не сакаше да дава изјави, образложувајќи дека е рано за такви.
Тој рече дека заминува на отворање на нова фабрика, а за изјави од Пржино е рано.
На средбата со премиерот во оставка, и Хан присуствуваа неколкумина негови сопартијци-Никола Попоски, Зоран Ставрески, Илија Димовски, Никола Тодоров и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протуѓер.
Во текот на денот ќе бидат остварени средби и со албанските политички лидери.
