Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ ПАТИШТА, ЖЕЛЕЗНИЦИ, МОСТОВИ: Невреме ги погоди Австрија и Швајцарија

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ ПАТИШТА, ЖЕЛЕЗНИЦИ, МОСТОВИ: Невреме ги погоди Австрија и Швајцарија

Невреме ги зафати Австрија и Швајцарија.

Обилниот дожд и зголемувањето на нивото на реките предизвикаа  проблеми во Тирол. Најпогодени се окрузите Имст и Инсбрук-Ленд. Патиштата и железницата се затворени по поплавите и лизгањето на земјиштето. 2.500 пожарникари се ангажирани во Тирол. Ситуацијата во областа Имст е  тешка. 30 домаќинства со околу 70 луѓе беа евакуирани во Тумпен во Оцтал. Тие се наоѓаат во локалниот дом и во противпожарната станица. Во познатиот зимски спортски центар Зелден, сите мостови се затворени како мерка на претпазливост. Три куќи се евакуирани и во Јерзенс. Во тој реон нема струја.

Повеќе од 350 милиметри дожд наврнаа во швајцарскиот кантон Тичино во последните 72 часа. Пообилни врнежи денеска се предвидуваат главно за Предарље, Тирол, Солнограшка и Корушка, каде на места веќе врне дожд. Метеоролошката служба Геосфера Австрија предупредува на можност од лизгање на земјиштето и поплави.

Невреме денеска имаше во Словенија и Хрватска, Шпанија и Италија.



Слично

Поврзани вести