Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАСТОЈ НА ПРЕМИНИТЕ: Грција ги отстранува бегалците од границата со Македонија!

(ВИДЕО) ЗАСТОЈ НА ПРЕМИНИТЕ: Грција ги отстранува бегалците од границата со Македонија!

Грчката полиција денеска почна да ги отстранува мигрантите од грчко-македонската граница, бидејќи поради додатни ограничувања за нивниот влез кој го воведе официјално Скопје повеќе стотици од нив останаа заглавени на таа граница.

Мигрантите синоќа недозволено се задржуваа на железничката пруга во местото Идомени, откако претходно се обидоа да се пробијат преку македонската граница. Грчката полиција и празни автобуси утрово рано стигнале на таа локација , рекол за Ројтерс еден сведок, кој опишал дека на едно место грчката полиција обиколила околу 600 бегалци.

grcka-makedonija-idomeni-migranti-foto-reuters-1456212393-849903

Се проценува дека во Идомени се наоѓаат околу 1200 лица, воглавно Авганистанци или државјани на другите земји кои не ги поседуваат одговарачките патни документи.

Вчера таму се создаде гужва кога нашите власти на границата почнаа да бараат додатни патни документи, вклучувајќи пасоши, за да може да влезат на наша територија.

Некои од земјите на патот по кој бегалците патуваат кон богатите северноевропски земји почнаа да ги заоструваат прописите за нивниот премин преку своите територии, што предизвика домино ефект во земјите долж таа рута.

Забележана е , меѓутоа загриженоста што би можело да се случи во Грција, каде не запира приливот на бегалци по морски пат од Турција. Така само утрово во Атина се префрлени 1250 мигранти од три грчки острови.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nGV_doCxCnI[/embed]
Слично

Поврзани вести