Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Започна протестот за повисоки плати во Скопје

(ВИДЕО) Започна протестот за повисоки плати во Скопје

Сојузот на синдикати на Македонија започна со рпотестот со кој се бара големување на минималната плата на 600 евра.

Протестот започна пред зградата на ССМ, а прва дестинација беше Собранието од каде што претседателот на синдикалната организација Слободан Трендафилов им се обрати на учесниците.

„И покрај сите закани и пторив сите притисоци што се обидуваа во изминатите денови да ги направат, огромен број од вас се охрабрија и покажаа дека не се плашат и покажаа дека ќе се бориме и нема да се молиме“, порача Трендафилов.

На 28 јануари ја започнавме синдикалната борба на улица, рече тој, и нема да застанеме додека не се зголемат работничките плати. 600 евра минималната плата и за најмалку 6000 денари за сите работници

„Денеска огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закануваа со губење на нивните работни места, со распоредување и со закани за намалување на нивната плата. Но, без оглед на тоа не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме дека и 21 човек вршат работа да прават нервоза кај избраните и именуваните, како и кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денеска им покажуваме дека можеме и највеќе“, истакна претседателот на ССМ.

Тој нагласи дека без работници нема држава, без работници нема ниту власт и ги покани присутните да го започнат протестниот марш кој продолжи пред Собранието, пред газдите, пред стопанската комора и ќе заврши пред владата.

Предвидено е запирање и пред Стопанската комора и пред Владата на Македонија каде ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки.Трендафилов уште еднаш порача дека платите не ги следат реалните трошоци на животот и на социјалните мрежи денес повика на масовна излезност.


Слично

Поврзани вести