Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Западна Грција под вода - поплавени повеќе општини

ВИДЕО: Западна Грција под вода - поплавени повеќе општини

Стотици домови и улици денеска се поплавени во Месолонги, Превеза, Нафпактос, Патра и во други делови на западна Грција поради обилните дождови.

Градоначалникот на Месологи, Никос Карапанос бара да се прогласи вонредна состојба во општината. Земјоделските насади се уништени во оваа општина, а настрадаа и домовите. 

Грчкиот главен град Атина не беше поштеден, а пожарната доби повеќе од 100 повици во рок од само неколку часа за да се испумпува водата од подруми и продавници, и да се тргнат гранки, кои беа скршени од силни ветрови.

Националната метеоролошка служба  предвиде невреме во повеќето делови на земјата следната недела.



Слично

Поврзани вести