(ВИДЕО) Заглавени рудари во Трепча, се спасуваат
Во експлозија на трансформатор заробени беа 100 рудари во Трепча, но сите се спасени.
Нешто по 15 часот дел од рударите се извлечени.
Околу 100 рудари во рудникот „Стари трг“ во близината на Трепча, беа заробени на некои 700 метри под површината после дефект на електричната мрежа. Но, сите се спасени и однесени на безбедно.
Животот на рударите не беше во опасност, затоа што рудникот има природна вентилација.
Стотината рудари биле заробени на осмото, деветото и десетото ниво неколку часа пред да излезат на безбедно.
Слично
