Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАГИНА РАБОТНИК ВО ФАБРИКА ВО СЛОВЕНИЈА: Голема експлозија во погон за пиротехника

(ВИДЕО) ЗАГИНА РАБОТНИК ВО ФАБРИКА ВО СЛОВЕНИЈА: Голема експлозија во погон за пиротехника

Едно лице загина, а две се тешко повредени во експлозија во пиротехничката фабрика Хамекс во Врхника, Словенија.

Од љубљанската полиција за 24 часа потврдија дека околу 11.30 часот добиле известување за експлозии во областа Врхника. Набргу потоа избувнал поголем пожар.

- Со текот на времето се појави бел чад, а подоцна и црн чад - објави читател на словенечкиот портал.

Експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брза помош.

Полициската управа во Љубљана била информирана за експлозија во фабрика во областа Врхника околу 11:30 часот. Полицијата го обезбедила местото, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.


Слично

Поврзани вести