Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев за Арт Тв: Сите недоумици за „Монструм“ ќе исчезнат по објавувањето на материјалите

(ВИДЕО) Заев за Арт Тв: Сите недоумици за „Монструм“  ќе исчезнат по објавувањето на материјалите

Лидерот на опозицистака партија СДСМ, Зоран Заев во интервју за тетовската телевизија Арт, најави дека сите недоумици околу случајот „Монструм“ ќе исчезнат по објавувањето на материјалите.

„Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината. Тоа што ќе го обелоденам се телефонски разговори и смс пораки, нема јас да го толкувам тоа, јавноста ќе го протолкува сама како и досегашниот процес. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања. Може овој процес нема да ги даде сите одговори, но ќе даде огромен процент одговори и ќе расчисти многу облаци кои сеуште надвиснуваат над овој процес. Тоа не може да предизвика меѓуетнички конфликт, тоа може само да ги обедини сите кон општоприфатените вредности , кон човечноста“, рече Заев.

Тој најави дека ќе следува и прес конференција за името, со која ќе се открие дека Груевски води преговори дури и без знаење на коалициониот партнер.

„Што не знае јавноста за името? Оној тајновит процес кој Груевски го води сиве години без да го запознае и политичкиот партнер во власта, лаже и крие што се прави сиве овие години со името“.

Заев на забелешката од водителот призна дека свои грешки во минатото имала и СДСМ, но и дека тоа не смее да се повтори.

„Јас се извинив за грешките од минатото на СДСМ, немам предрасуди, не велам дека сум и јас безгрешен, се работи се грешки, но ако ве води искрена мисла, сепак тоа е своевидна гаранција дека лошото нема да се повтори. Јас не инсистирам СДСМ да дојде на власт, туку Македонија да биде демократска и слободна земја“, изјави заев во интервју за телевизијата Арт од Тетово.

Слично

Поврзани вести