Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев: Премиерот да не се крие зад оставките на министрите

(ВИДЕО) Заев: Премиерот да не се крие зад оставките на министрите

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска го повика премиерот Никола Груевски „да не се крие зад оставките на своите најблиски соработници и сам  да поднесе оставка“.

Во време додека Владата ги бираше новите министри за внатрешни работи и транспорт и врски, наместо Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиевски, кои синоќа поднесоа оставки, Заев објави нови прислушувани разговори обвинувајќи ја Владата за„корупција, уцени и криминал“.

Заев рече дека власта нема легитимитет и дека „во услови на длабока политичка криза не смеат да се бираат нови министри“.

На седницата на Собранието на која не присуствуваа пратениците на СДСМ, кои од април минатата година не учествуваат во работата на парламентот, за нов министер на МВР е избрат Митко Чавков, додека нов министер за транспорт и врски е Владо Мисајловски.

Заев ја обвини владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и албанската Демократска унија за интеграција (ДУИ) за „рекетирање на фирми кои добиваат бизнис на претходно наместени тендери после што огромни суми пари завршуваат кај ВМРО-ДПМНЕ„, и додаде дека „дел од тие фирми, преку фиктивни фактури, плаќаат огласи на ВМРО-ДПМНЕ во провладините медиуми за време на изборите“.

-Зад секој скандал во Македонија стои Никола Груевски кој диктира се и без негово знаење и одобрение не може да помине ништо. Соработниците на Груевски се што правеле, правеле во негово знаење или под негов директен налог. Затоа оставките мора да продолжат. Наместо оставки на соработниците, во обид да се спаси Груевски, потребна е оставка и конечно заминување на Никола Груевски, рече Заев.

Заев денес повотрно го покрена прашањето дали македонските безбедносни слушби можеле да го спречат вооружениот судир и загуби на животи во Куманово, ако постојат докази уште од 2013 дали власта ја следела активноста на терористичката група.

Заев , кој денес ја објави 31 „медиумска бомба“ во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, на прес конференцијата рече дека тој такво документ добил на 13 септември , кој се однесувал толку на командантите Нато и Бег, двајцата лидери на терористичката група која беше во судир со полицијата во Куманово.

Лидерот на СДСМ  објасни дека незаконско присушуваните разговори, кои почнаа да ги објавуваат во половината на февруари, немаат врска со тој пишан документ.

-Тоа се пишани документи кои најверојатно секоја опозиција на светот ги добива како би можела да ја корегира безбедноста на службата во вистински момент, а секој пат кога ги добива бев среќен што нашите стручи безбедносни групи ги имаат под контрола и следат ваквите терористички групи кои напаѓаат по терен, рече Заев. Инаку денешната 31 „бомба“ се однесуваше на тоа, како што рече, бизнис коалиционите интереси на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски и партијата на Албанците ДУИ на Али Ахмети. „Денеска јавноста ќе слушне за тоа како функционирала коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во делот на меѓусебна заштита и покривање на незаконско однесување. Ќе слушнеме и нови докази, како се местени милионски тендери и како се испумпувани пари од приватни компании коишто потоа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ. Денеска јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој стои позади купувањето од страна на МВР, нов автомобил, мерцедес, вреден над половина милион евра, речиси 600.000 евра кој го нарачал и за каква цел“, истакна Заев и пушти аудио снимки. Целата прес конференицја може да ја проследите во видеото подолу: [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KXCg7wZg8tQ[/embed]  

Слично

Поврзани вести