Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев: Правиме напори по мирен пат да се реши кризата

(ВИДЕО) Заев: Правиме напори по мирен пат да се реши кризата
Опозицискиот лидер Зоран Заев денес оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. „Денеска имав прекрасна можност, во присуство на премиерот, заменик претседателот на Бугарската социјалистичка партија и министерот за надворешни работи, да ме удостојат со средба на којашто ќе можеме, како земја што е во политичка криза, да ја информира Република Бугарија, голем пријател на нашата Македонија, за начините на разрешување на кризата, за можностите, дека ги даваме сите напори, по мирен и ненасилен пат да најдеме решение за кризата, но исто така и да се заблагодариме на претставниците на Република Бугарија, вклучително и на премиерот Борисов и на сите чинители во европските институции, коишто вложуваат максимални напори, преку дијалог да се изнајде решение за проблемите во Македонија“, истакна Заев после средбата. Тој додаде : „Нашето место е секако во Европската унија и во НАТО и преку сите тие искуства, преку европските институции, се обидуваме да изнајдеме решение за кризата што е присутна во Македонија и го загрижува секако и целиот регион“. Вели дека таму имал  можност директно, првите луѓе на Бугарија, да ги информира  за сите детали околу кризата, како настана и кои се начините на нејзино разрешување, `се со конечна цел, таа пријателска соработка којашто е голема помеѓу нашите две земји, да биде унапредена во периодот којшто доаѓа. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/z24qaRtgYv4[/embed]
Слично

Поврзани вести