(ВИДЕО) Заев: Остануваме пред Влада, кога ќе замине Груевски тогаш и ние ќе заминеме!
Анти владиниот протест на опозициската СДСМ пред Влада заврши.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UKKthu-3x2M[/embed]Последен говор одржа лидерот на оваа партија.
Тој порача дека остануваат пред Влада се додека премиерот Груевски не си замине.
„Остануваме овде пред Владата. Оставка од Никола Груевски мора да има. Додека не замине Груевски, не заминуваме ни ние одовде. Придружете ни се, придружете се, за вас, за вашите деца, за слободна и перспективна Република Македонија!“, рече тој.
Во знак и почит како и поддршка на безбедносните сили, Зоран Заев на почетокот на говорот повика со едноминутен молк да им се оддаде почит на загинатите припадници во Куманово.
-Повикувам и на почит кон патриотите кои го ставија во ризик својот живот и на своите семејства и ги доставија материјалите на опозицијата за да се дознае Вистината за Македонија, рече Заев.
Се измачи вистината да ја види светлината на денот, се измачивме и ние цела деценија да помогнеме да излезе на површина. А сега погледнете извади реки по улиците на Скопје и цела Македонија. Што може сега еднна единица мерка за злостор, за лага, за подлост, за криминал олицетворена во еден лик, кој ни самиот не си го препознава својот одраз во огледалото наспроти овие исправени луѓе? Ништо не може Никола Груевски да направи повеќе, освен да ја напушти оваа зграда пред нас, каде му се одбројани часовите, рече Заев.





