Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев објави тендерски скандали

(ВИДЕО) Заев објави тендерски скандали

Лидерот на опозицијата Зоран Заев денес објави нови аудио записи од прислушувани телефонски разговори водени помеѓу премиерот и владини функционери.

Во првиот блок разговори едниот од соговорниците, според Заев, е премиерот Никола Груевски и директорот на РЕК Битола, Владо Чинговски. Од овој разговор можеше да се слушне како премиерот мести тендер што треба да го добие сопственикот на Сител телевизија, Горан Ивановски.

Станува збор за местење тендер за ископ на јаглен во Битола, што треба да го добие сопственикот на Сител, затоа што, како што вели Груевски, “кратовчанецот знаеш зошто ни е многу битен“, посочи Заев пред да ги пушти разговорите. Вториот блок разговори, кој Заев го објави е за решавање на тендери за изградба на железничката пруга. Според Заев се открива како Груевски го подготвува амбиентот за местење на тендерот за пругата Куманово – Бељаковце, како за фирмите зборува во шифри со првите букви од земјите од коишто доаѓаат: Германија, Чешка, Грција и Австрија. Се слуша како Никола Груевски, лично, во фаза на разгледување на документацијата, има намера “да стапи во контакт со некоја“ па сака да биде сигурен на која, како што вели, “може да и се среди“. Следниот блок беше за незаконска постапка со која ќе може да се смени урбанистичкиот план во општина Центар во Скопје и ќе може да биде изградена барокна фасада на два објекта во центарот на главниот град на Македонија.

Последните два блока разговори беа меѓу Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски. Од разговорите станува јасно дека се решавале тендерите за пребарување на компанија која ќе изгради два автопати во Македонија, и Заев за нив вели дека се најголемите финансиско – корупциски скандали кои се имаат случено во земјава па и во регионот.

Груевски и Јанакиески се договараат и за процентите кои ќе им ги донесат од кинеската компанија. Јанакиески вели дека ќе им бараат 5% или околу 17-18 милиони евра. Груевски вели дека процентот е голем - може и 15 милиони.

Целата прес конференција може да ја слушнете во видеото подолу.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Sdhfnpjg8ss[/embed]

Слично

Поврзани вести