Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев и Анѓушев најавија нова инвестиција од 25 милиони евра

(ВИДЕО) Заев и Анѓушев најавија нова инвестиција од 25 милиони евра


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев по посетата на Словенија најавија нова инвестиција од оваа земја. Станува збор за компанијата „ТАБ МАК“ која треба да инвестира 25 милиони евра во Пробиштип и да отвори 90 нови работни места.

„ Директор на компанијата ТАБ МАК, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра. Се потврдува дека во нашата земја има поволна инвестициска клима кога една компанија којашто скромно стартуваше пред неколку години сега носи вака крупна одлука за инвестиција од 25 милиони евра којашто ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места. Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, изјави Заев

Анѓушев додаде дека оваа компанија ќќе потпише договор за државна помош со што ќе се забрза реализацијата на проектот. Ова е една од компаниите која инвестира надвор од Технолошко индустриските зони. Преговорите со оваа компанија се воделе една година и дека истата же донесе современа технологија.

Ова го потврди и управителот на Таб Мак, Игор Липовник, кој истакна дека станува збор за компанија која успешно функционира од 1965 година, а во 2012 ја презема фабриката „Злетово“, која во тој момент имала 168 вработени и вкупно околу 5 милиони годишен приход.



Слично

Поврзани вести