Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев: Груевски се наоѓа на чело на расипничка власт

(ВИДЕО) Заев: Груевски се наоѓа на чело на расипничка власт

Лидерот на СДСМ Заев денес на протестот пред Владата го обвини премиерот Никола Груевски дека интервенирал донатор на владеачката ВМРО-ДПМНЕ биде ослободен со плаќање на казна.

Заев изјави дека премиерот Груевски се наоѓа на чело на „расипничка  републичка власт“. Тој денес ја објави 34 по ред сет прислушувани разговори на владини претставници, кој, рече дека е посветен на „коруптивни, кроминални и компромирачки афери“, на владини претставници.

Опозициониот лидер рече дека оставките кои досега ги дале министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Јанкулоска и Јанакиески, како и директорот на УБК Сашо Мијалков не се доволни и дека протестот ќе продолжи додека и сам Груевски не даде оставка.

Заев го обвини Груевски дека по негов налог е ослободен од плаќањето на казната во неколку институции сопственик на приватна фирма од Неготино , во чии цистерни се најдени 5,5 тони недозволена црвена нафта, само затоа што бил донатор на ВМОР ДПМНЕ, за што говорел во еден од денешните пуштени прислушувани разговори.

„Меѓу учесниците во овој скандал по директива на Груевски е и Митко Чавков, новите министер на МВР, кој Груевски го предложи наместо Јанкулоска. Меѓу замешаните во скандалот е и вчера унапредениот Горанче Савовски, новиот директор на Бирото за јавна безбедност а тогашен началник на Централната полициска служба при МВР“, рече Заев.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qWC8pY8AMqw[/embed]

Заев го обвини Груевски и дека „влегувал во архивите на институциите барајќи да се уништи оригинален документ од архивата на МВР, односно писмо на Директорот на Управата за цивилна и воздухопловна авијација кој на МВР се жалел на односот (кон него) кој го имала сопругата на Ѓорѓе Иванов (тогашен и актуелен претседател)“.

Заев оцени дека преодна Влада е единствено решение на кризата во Македонија.

Политичката институционална криза во Македонија трае од април кога СДСМ не ги призна резултатите на вонредните парламентарни избори и од тогаш пратениците не учествуваат во работата на Собранието. Кризата се продлабочи ко крајот на јануари кога Груевски го обвини Заев дека го загрозува уставниот поредок поради што е поднесена кривична пријава.

Заев го обвини  Груевски дека преку УБК нелегално прислушувал повеќе од 20 илјади граѓани во Македонија, а во февруари започна да објавува прислушувани телефонски разговори од Груевски и неговите соработници.

Во надминување на кризата се вклучија и претставници од меѓународната заедница, кои во Скопје и Брисел посредуваа во разговорите на власта и опозицијата, но тоа не доведе до ублажување на тензиите.

Слично

Поврзани вести