Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев до Лавров: Нема да има поделба на Македонија

(ВИДЕО) Заев до Лавров: Нема да има поделба на Македонија

Нема да има ниту поделба ниту федерација на Република Македонија.

Тоа, во изјава за Телма, Алсат М и Ал Џезеира Балкан по посетата на Стразбур го посочи лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев по повод тврдењата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дека земјата ќе биде поделена помеѓу Бугарија и Албанија.

„Она што нашиот народ многу јасно го демонстрираше на 17-ти овој месец, за време на националниот граѓански протест. Но и недела пред тоа во Куманово каде се дојде до вооружен инцидент со многу загинати, е во целосна спротивност со тврдењата на Лавров. Македонскиот народ никогаш како досега во историјата не бил повеќе единствен и сплотен“, изјавил уште Заев и појасни: Народот е обединет околу барањата за обновување на универзалните вредности - демократија , слобода, правда и иднина за секого.

„Токму оваа сплотеност и единство на сите етнички заедници ми дава храброст. Сакам да истакнам дека нема сила, политички мотив или нешто друго, како во земјата, така и надвор, што може да го наруши тоа единство“, додал уште Заев и изрази надеж дека македонските политичари ќе бидат доволно одговорни за да го искористат ова единство, за добрата иднина на Република Македонија.

Потсетуваме дека бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов го опиша оваа случување како „неодговорна изјава дадена од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека се разговарало за поделба на Република Македонија помеѓу Албанија и Бугарија“.

„Добро познати на сите се страдањата низ кои Република Македонија поминала по патот на воспоставување и зајакнување на нејзината државна независност и суверенитет. Цело ова време токму Бугарија беше земјата која даваше најголемата поддршка за независноста на Република Македонија и стана гарант за нејзиниот територијален интегритет. Бугарија беше земјата која прва ја призна Република Македонија и оваа одлука беше клучна за стабилноста во Југоисточна Европа ... Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомневање“, нагласува Митов.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5PM2fbKjlcs[/embed]
Слично

Поврзани вести