(ВИДЕО) Заев: Директна спрега меѓу Груевски и медиуми
Македонскиот опозиционен Социјално демократски сојуз по 24 пат денеска објавуваше снимки за кои тврди дека укажуваат на директна спрега помеѓу премиерот Никола Груевски и медиуми.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на конференцијата за новинари рече дека објавените снимки ќе укажат на тоа, како што рече, јавниот сервис на Македонската Радио Телевизија пренесува информации кои немаат врска со реалноста, како бираат новинари и зошто тие новинари испорачуваат се што им порачаат премиерот и власта.
Заев додаде како Груевски ги контролира и приватните телевизии, чии сопственици му се додворуваат на премиерот.
Во првиот разговор кој го објави Заев се слуша како Груевски спомнува листа со новинари кои треба да бидат примени во државната телевизија.
После тоа, Груевски наводно, заедно со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ги избирал дописниците од Атина и Вашингтон.
СДСМ во февруари почна да објавува снимки од наводно телефонски разговори за кои тврди дека сведочат за криминалот и коруптивното владеење во Македонија.
Целата прес конференција и сите аудио снимки од денес погледнете ги во видеото подолу.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/axYR2Cctp2c[/embed]
Слично
