Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАБОРАВЕТЕ НА ТРАМП, ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЖИВЕЕ ЕРДОГАН: Палата поголема од Белата куќа

(ВИДЕО) ЗАБОРАВЕТЕ НА ТРАМП, ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЖИВЕЕ ЕРДОГАН: Палата поголема од Белата куќа

Ак сарај или во превод Белата палата е завршена во 2014 година и има 1 100 соби од кои 25 користи само Ердоган.

Дури и пред победата на референдумот во Турција претседателот на оваа земја Реџеп Таип Ердоган бил познат како љубител на луксузот.

Еден од доказите за тоа е и екстравагантната плата на периферијата на Анкара која ја изградил на сметка на даночните обврзници.

Поставена на еден брод и завршена пред три години-Ак сарај или Белата палата има 1100 соби од кои 25 користи само Ердоган.


Украсена е во омилениот стил на турскиот претседател со мермерни подови, златни украси и хектари црвени теписи. Се проценува дека е 30 пати поголема од Белата куќа. Исто така, е најголема палата изградена во последните 100 години.

Дури 7 милиони фунти се потрошени на теписи, а дополнителни пет милиони фунти на 400 дупли стаклени врати. Секоја чаша во палатата чинела 250 фунти.


Секоја зима на греење се трошат 500 000 фунти. И се тоа во земјата во која според проценките две од три деца живеат во беда.

Палатата токму на граѓаните на Турција им праќа порака-претседателот Ердоган има неограничена моќ.

Тоа го покажал кога Врховниот суд во 2015 целото здание го прогласил за нелегално-Ердоган само продолжил со изградбата.

Слично

Поврзани вести