Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ЗА СТРАНЦИТЕ: На таквите им велам ве нагостив, ве ислушав и ајде сега „пут путујем“

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ЗА СТРАНЦИТЕ: На таквите им велам ве нагостив, ве ислушав и ајде сега „пут путујем“

Српскиот претседател  Александар Вучиќ во интервју за „Прва ТВ“ вели дека не треба да го потценуваат српскиот народ. 

Кажа што им рекол на дипломатите и на државниците кои доаѓаат кај него за да му се закануваат и да му предлагаат решенија за Косово.

Адис Ахметовиќ, германски пратеник задолжен за регионот  му рекол дека ќе има инциденти додека Србија не го признае Косово. 

„Ма немој!. Навистина. Но кога нему ќе му спомнат за Република Српска дека нешто бара тогаш вели дека тоа е рушење на мирот и стабилноста. Но, кога Косово нешто бара и го крадете од Србија тоа е мир и стабилност. На таквите им велам ве нагостив, ве ислушав и ајде сега „пут путујем“, вели Вучиќ.


Неодамна имаше тензии на Косово, затоа што Србите поставија барикади откако косовските власти уапсија Срби. Потоа тие беа пуштени во домашен притвор. 

КФОР денеска ја отстрани последната барикада на северот на Косово и Метохија.

Слично

Поврзани вести