Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вучиќ: Терористи сакаа да покажат дека можат да го заземат северот на Косово

(ВИДЕО) Вучиќ: Терористи сакаа да покажат дека можат да го заземат северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека терористи облечени во полициски униформи на специјалните единици на непостојната држава Косово сакале да покажат дека можат да го заземат северот на Косово. 

Вучиќ вели дека тие тоа го направиле со поддршка од Еулекс и дека „на две возила на РОСУ, имало две возила на Еулекс“.

Претседателот на Србија за време на обраќањето до медиумите по апсењето на шефот на српската канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица кажа дека Србија ги „почитувала сите меѓународни акти“ и дека на време ја информирала Приштина за намерата на српските државни функционери да одат на Косово.

„Значи, да биде јасно, Марко Џуриќ во согласност со договорите со Приштина, три пати пред време информираше за своето пристигнување на Косово и Метохија. На тоа немаше реакција. Ден потоа беше испратена друга најава на која беше само додадено името на Никола Селаковиќ. Одговорот стигна на 25 март во 23:02, велат дека барањето не е на време поднесено. Како прво, не е барање туку информирање. Второ, лажат. На тоа следуваше одговор дека ќе постапиме и ќе го посетиме Косово во согласност со меѓународното право и ги молиме да не се обидуваат да предизвикаат чекори за ескалација на тензиите Вучиќ. Интересно е што Беџет Пацоли кажа дека на Ѓуриќ и Александар Вулин не им е дозволен влез на Косово „бидејќи поттикнуваат омраза“. Дали терористичката, бандитска држава реши дека може да измисли вербален деликт? Дали е забраната затоа што не ги сакаат? Тоа не го пишува никаде во договорот“- додаде српскиот претседател.


Вучиќ дека „албанските терористи сакале да ја покажат моќта и дека ја имаат поддршката од Западот“. 

Тој коментира дека она што се случи во Косово е акт на лудило и најтежок кривичен акт. 

Во текот на вчерашниот ден имаше тензии на Косово, а медиумите пишуваа и дека имало пукање и дека Србите протестирале. 

Слично

Поврзани вести