(ВИДЕО) Вучиќ посети ресторан на како што вели „Српско Море“
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео од својата посета на рибен ресторан на еден од сплавовите на реката Сава, на кој зборуваше за напредокот на проектите поврзани со изложбата ЕКСПО 2027.
„Следниот пат кога ќе дојдам на сплав, ќе ја препливам Сава, како некогаш. Засега, само чинијата ми останува – кечига во рибина чорба“, напиша Вучиќ во објавата.
Тој наведува дека одамна не дошол на Сава која за него е „Српско Море“.
„Она што за нас е важно е дека ЕКСПО напредува, работиме добро, работиме вредно. И денеска работниците работеа. Полека, но сигурно не навасуваат трема, нервоза и страв, но уверен сум дека ќе завршиме и дека ќе стигнеме и ќе победиме. И Србија ќе биде најдобриот можен домаќин на најголемата светска приредба во 2027 година“, рече Вучиќ.Српскиот претседател рече дека бил во обиколка на проектите од ЕКСПО, со дел од министрите.
фото принтскрин
Слично
