Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вучиќ не само на спот, туку и во емисија излезе од фрижидер

(ВИДЕО) Вучиќ не само на спот, туку и во емисија излезе од фрижидер

Српскиот претседател Александар Вучиќ на емисија во живо излегол од фрижидер, а во рацете држел - тегла кисели краставички. 

Прво тоа го направи во предизборниот спот, а сега од фрижидер излезе и на телевизиско гостување. 

„Толку сум им здодевен на сите што луѓето мислат дека излегувам од фрижидер“, изјавил претседателот.

Во неделата во Србија се одржуваат локални, парламентарни и претседателски избори.  Вучиќ повторно ја бара довербата од народот. Во Србија на сила е изборниот молк. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести