Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вучиќ: Српски хулигани ги почнаа провокциите во Сребреница

(ВИДЕО) Вучиќ: Српски хулигани ги почнаа провокциите во Сребреница

Долго време не сум се чувствувал така, како денес. Првите кои почнаа да скандираат против мене и да ме навредуваат, беа фудбалски хулигани од еден српски тим.

Тоа, го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, кон кого денеска во Сребреница беа фрлани камења, пластични шишиња и чевли. Вучиќ присуствуваше на навршувањето  20 години од геноцидот во Сребреница .

"Продолжувам да подавам рака. Жал ми е за роднините на загинатите, кои денес беа дополнително понижени, поради „некакви будали“ рече уште Вучиќ по вонредната седница на владата во Белград. Тој прецизира дека освен "очилата и помалку болки во раката", нема други повреди.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Xgym_Kby3yE[/embed]

"Што сакате да направам, да дојдам тука со преврзна глава?", ги зпраша новинарите српскиот премиер. Според него на едно место "оградата била отстранета" и тоа нема како да не било забележано од силите на редот. Премиерот појасни дека "фудбалските навивачи од Србија не учествувале во физичкиот напад против него".

Вучиќ рече дека се уште не разговарал со босанскиот лидер Бакир Изетбеговиќ. "На него никогаш нешто слично нема да му се случи во Србија. Ќе го пречекаат со леб и сол", рече уште Вучиќ.

Во меморијалниот комплекс во близина на Сребреница "Поточари" Вучиќ беше пречекан и од огромен постер, на кој беше испишано кажаното од него точно пред 20 година - 11 дена по геноцидот во Сребреница.

Босна денес одбележува дваесет години од геноцидот во Сребреница. Остатоците на 136 неодамна идентификувани жртви беа погребани во меморијалниот центар "Поточари" до остатоците на други над 6.000 муслимани, убиени во 1995 година. Над 50 000 луѓе присуствуваа на церемонијата.

За време на војната илјади муслимански мажи и момчиња беа убиени од босанските Срби, откако тие ја презедоа контролата врз Сребреница. Тоа е најголемото убиство на европска почва од Втората светска војна наваму.

И двајцата босански српски лидери - генарал Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, се наоѓаат во притвор на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг. Тие се обвинети за воени злосторства и геноцид за време на тригодишната војна /1992-1995г./ во Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести