(ВИДЕО) ВРНЕ ШЕСТ ДЕНА БЕЗ ПРЕСТАН: Се удави сточар, уништени се патишта и згради
Во Грција на Крит денеска е пронајдено телото на 61-годишен маж кој исчезна по силно невреме кое траеше со денови.
Грчките медиуми објавија дека телото било на оддалеченост од околу 10 километри од местото каде што исчезнал сточарот. Најден е по 24 часа откако исчезнал.
Островот Крит на Егејско море, кое спаѓа на врвот на туристички дестинации во Грција, а изминативе денови е под влијание на силно невреме, поради кое патиштата, зградите се оштетени, а реките се излеале.
Мост стар 110 години се урнал во реката Керитис.
Дожд врне веќе 6 дена, а наврнати се големи количини вода.
Слично
