Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОЗАЧИТЕ СЕ КАЧУВАА НА АВТОМОБИЛИТЕ И ЧЕКАА СПАСУВАЧИ: Поплавите не ја одминаа Србија

(ВИДЕО) ВОЗАЧИТЕ СЕ КАЧУВАА НА АВТОМОБИЛИТЕ И ЧЕКАА СПАСУВАЧИ: Поплавите не ја одминаа Србија

Невреме ја зафати и Србија. Силно невреме ја зафати Војводина, при што има двајца повредени, а неколку семејства се евакуирани во Нови Сад. 

Дожд и град паѓаше во Зрењанин. Екипите беа на терен цела ноќ. Возачите морале да се качат на автомобилите и да чекаат да дојдат спасувачите.

Силен дожд и град ги погоди и северозападниот дел на Србија, областа на Краљево, но и Топола, Бачка Паланка, Крагуевац и Аранѓеловац. Метеоролозите предвидуваат дека водениот бран ќе се движи и кон југот на земјата, а за нестабилноста најмногу влијаат циклоните од централниот Медитеран.

Поплави претходно ги зафатија Италија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Италија има и жртви. Во регионот Емилија-Ромања загинаа 9 луѓе. Во Словенија се активираа 16 свлечишта, а пожарникари и околу 100 војници помагаат за извлекување на водата од подрумите на објекти и магацини низ земјата. Сообраќајот на повеќе патишта е во прекин. И во Македонија со денови има врнежи од дожд, но засега нема поплави. Според прогнозите, врнежите продолжуваат. 

До крајот на месецот ќе има нестабилно време. 


Слично

Поврзани вести