Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Возач „покоси“ четворица битолчани на автобуска станица!

(ВИДЕО) Возач „покоси“ четворица битолчани на автобуска станица!
Тројца граѓани заработија потешки, а еден полесни повреди кога рано утрово возач со автомобил се залета во нив на автобуската станица Ат пазар во Битола. Сите четворица се пренесени во Клиничкиот центар во Битола. Возачот со автомобил Цитроен, од уште непознати причини се залетал во луѓето кои пред сендвичарница стоеле на тротоарот. Возачот не е повреден, а полицијата ги испитува причините за несреќата. Битолската телевизија Тера објави и видео од инцидентот што се случил околу 6 часот утрово: http://www.youtube.com/watch?v=jNrMeWQu04s
Слично

Поврзани вести