Воз удри во автобус со туристи во Тајланд
Најмалку тројца туристи загинаа, а десетина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Тајланд.
Воз со голема брзина удри во автобус со туристи, по што тој одлетал десет метри. Несреќата се случила на железнички премин, источно од Банкок. Преминот бил отворен и немало никаква сигнализација кога возот удрил во автобусот на два ката, полн со туристи. Патници од друго возило веднаш излегле за да им пружат помош на повредените туристи. Снимките од видео надзорот покажуваат дека глетката била страотна.
Слично
