(ВИДЕО) Воз излета од шини близу грчката граница, 10-мина Турци мртви
Пет вагони од турски патнички воз излетале од шините во близина на грчката граница, по што десет турски патници се починати, а 78 повредени.
Вкупно 360 патници патувале од Истанбул до Едрене, а причината за инцидентот е нестабилен мост низ кој поминувал возот.
Ранетите биле пренесени со хеликоптери до најблиските болници.
Турските власти тврдат дека мостот се поместил поради обилните врнежи и свлечишта.
Сочувство до загинатите изразија турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Слично
