(ВИДЕО) Војна во живо: Пукање во центарот на Доњецк
Најмалку четири лица денеска се убиени кога на патнички автобус на подрачјето на градот Краматорск на истокот од Украина е отворен оган, соопштуваат локалните власти. Во нападот се повредени најмалку пет лица, некои и потешко, кои се префрлени во локалните болници пренесува агенцијата Итар-Тас.
Нападот следеше откако украинскиот претседател Петро Порошеко прогласи крај на прекинувањето на огнот на истокот од земјата, поточно во Доњецк и Луганската област.
Во центарот на Доњецк денеска изби вооружен судир, бидејќи наоружаните лица судејќи покрај се, се обидуваат да го завземат седиштето на полицијата во тој град на истокот од Украина.
Проруските бунтовници прогласија независност во Доњецк.
Репортер и снимател на руската телевизија Рен Тв се ранети денеска во Луганската област, на истокот од Украина.
Едностраното примирје во Украина измина ноќеска, а за цел имаше да им пружи на поруските сили шанса да се разоружаат и започнат мировен процес.
Меѓутоа, тие не се разоружаа, не сложувајќи се со барањата на украинскиот претседател да ги предадат клучните гранични премини со Русија и дозволат меѓународно надгледување на примирјето.
Киев ги обвинува проруските сили за бројни кршења на примирја, а Министерството за надворешни работи објави на Твитер дека од кога тоа е прогласено од 20 јуни се убиени 27 украински војници.
