Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Водопади по улиците, поплавени автомобили, заглавени луѓе – Хрватска во нов хаос!

(ВИДЕО) Водопади по улиците, поплавени автомобили, заглавени луѓе – Хрватска во нов хаос!
Хрватска со вонредни напори се обидува да се справи со последиците на циклонот Талија, кој зад себе остави уште една сериозна поплава. Особено погоден е регионот на Дубровник и Жупа. Полицајците и спасувачките екипи од една поплавена куќа успеале во последен момент да спасат седум лица од сигурна смрт, меѓу кои и две мали деца и едно неподвижно лице. Жителите на погодените места се предупредуваат да се придржуваат до упатствата на полициските служби за да се избегнат евентуални жртви во поплавите. Материјалната штета повторно е неизбежна - поплавени домови, улици кои наликуваат на реки, урнати ѕидови, автомобили кои буквално пловат по надојдената вода - ова уште еднаш е сликата која ја пренесуваат хрватските медиуми. http://www.youtube.com/watch?v=MYp76Rp2Cyc http://www.youtube.com/watch?v=KEY-b875w8E Граѓаните во погодените области се без струја.
Слично

Поврзани вести