Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВОДАТА НОСЕШЕ КОНТЕЈНЕРИ НИЗ СОЛУН: Повеќе од 400 громови имало за само два часа

(ВИДЕО) ВОДАТА НОСЕШЕ КОНТЕЈНЕРИ НИЗ СОЛУН: Повеќе од 400 громови имало за само два часа

Повеќе од 400 громови имало за само два часа во Грција. Невреме го зафати јужниот сосед, а улиците се претворени во реки. 

Невреме има на северот на Атика и во областите на централна Грција и Самотракија. Поплави веќе има во голем број случаи, а удари од гром предизвикаа пожари. Обилни дождови наврнаа во Дионисос, Агиос Стефанос и Спата. Пороен дожд во попладневните часови наврна и во Елефсина.

Попладнево невреме го зафати и подрачјето на Пелопонез. Страшно беше во Солун, каде што поројните води сериозно го нарушија сообраќајот, па дури и носеа контејнери за ѓубре и други предмети.


Вчера имаше предупредување за невреме во Грција. Завчера невреме имаше во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. 

фото принтскрин X


Слично

Поврзани вести