Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО ВО ЖИВО) РОМАНЦИТЕ НА УЛИЦА И ВЕЧЕРВА: „НЕ“ за амнестија на политичари-крадливци нема да поминете!

(ВИДЕО ВО ЖИВО) РОМАНЦИТЕ НА УЛИЦА И ВЕЧЕРВА: „НЕ“ за амнестија на политичари-крадливци нема да поминете!

Протести поради одлуката на романската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупција продлжија и вечерва пред седиштето на владата во Букурешт, каде на Плоштадот Викторија се собрале десетици илјади граѓани.


И вечерва голем број припадници на безбедносните сили е распореден на бројни места ширум Плоштадот Викторија, но засега нема сериозни инциденти.

На улиците е мирно, со исвиркувањеи веење на знамиња.


„Тешко е да се води влада четири години кога вака почнете, не знаеме што ќе биде следно“, рекол Аврам Ливиу, главен и одговорен уредник на еден романски медиум.

Спорно е, објаснува тој, тоа што речиси е невозможно да обвините некој за злоупотреба на моќ, тоа според новото решение е многу комплицирано да се докаже и да се пронајдат докази.


Уредбата на владата, донесена пред два дена, која подразбира и нацрт закони за помилување на осудени лица, е критикувана како најголемо отстапување од антикорупциските реформи,  од 2007 година, кога Романија станала членка на ЕУ.

Уредбата ќе овозможи декриминализација на прекршувања во врска со злоупотреба на власта во која износите не надминуваат 200 000 леи (48 000 долари).

Слично

Поврзани вести