(ВИДЕО) Во Турција 27 хеликоптери го гаснат пожарот кај Мармарис
Голем пожар беснее во Турција.
Гори кај популарното турско летувалиште Мармарис, а огнот го гасат 27 хеликоптери.
Хеликоптери и авиони вчера од воздух го гаселе пожарот, а властите кажаа дека денес повторно се вратиле по паузата во текот на ноќта, пишува Ројтерс.
Турската управа за шумарство објави дека 27 хеликоптери и 14 авиони ќе бидат денес вклучени во гасењето на пожарите.
Евакуирани се 150 луѓе од околу 50 куќи во околината на летувалиштето Мармарис, а дека околу 2.600 луѓе работат на локализација на пожарот. И лани во Турција имаше големи шумски пожари.foto EPA-EFE
Слично
