ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во пожар во Албанија изгореа куќи и црква

(ВИДЕО) Во пожар во Албанија изгореа куќи и црква

Во пожар во Албанија денеска изгореа 11 куќи, црква и голема површина шуми во близина на Делвина. 

Пламените јазици, разгорени од силниот ветер, зафатија 11 куќи и црквата „Свети Димитрија“ изградена пред два века, споменик на културата од прва класа. Пожарникарите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, но нивната работа е отежната од стрмниот планински терен, дополнително високите температури и ветерот, објави Топ Ченел.

Според жител на селото Сеница, ситуацијата останува тешка. До сега се опожарени и големи површини шума, додека неколку други домови се во опасност. 

За 24 часа во Албанија има 45 пожари. 

ad
Слично

Поврзани вести