Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНА ДЕНА: Единаесет големи терористички напади во Турција

(ВИДЕО) ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНА ДЕНА: Единаесет големи терористички напади во Турција

Епилогот од синоќешниот крвав напад на меѓународниот аеродром во Истанбул е 36 мртви и околу 150 повредени. Тероризмот уште еднаш, по кој знае кој пат во последно време, покажа колку е тешко да се бори против него. Аеродромот Ататурк трет по големина во Европа и прв во Турција, се наоѓа на европската страна на Истанбул. Како таков, безбедносните мерки се огромни, но и покрај се терористите и овој пат пронашле начин да го изведат својот крвав план.

ataturk1

Но, нападите во Турција сѐ се, само новост не. Само во последните година дена се случија десет големи напади. Една од причините е близината на Сирија од која голем број на џихадисти релативно лесно влегуваат во Турција. Но, Турција веќе со децении војува со курдските сепаратисти, а борбите посебно се интензивираа во последните година дена. На нив исто така овој вид напади не им е непознат.

Минатото лето, 20 јули во градот Суруч на границата со Сирија е извршен бомбашки напад во кој загинале 34 лица. После тој напад, прилично незаинтересираната Турција ја променила плочата и активно се вклучи во борбата против Исламска држава која во тој момент беше во напон на силата. Но, тоа беше само почеток.

Десетиот ден од месец октомври минатата година преку сто лица се убиени на мировнот собир недалеку од железничката станица. И за тој напад, токму како и за оној во Суруч, се товари ИСИС.

Нападите се продолжени во 2016. Така на 16 јануари во нападот на бомбаши самоубјци во туристичкиот квартал во Истанбул се убиени 13 лица, повеќето биле државјани на Германија.

Tan2016-6-29_02917544_1

На 14 јануари оваа година во експлозијата на автомобил-бомба кај централната полициска станица 30 км од Дијарбакир, загинале шест лица-еден полицаец и пет цивили. За тоа одговорноста ја презеде ПКК кој се извини за смртта на цивилите.

Нешто повеќе од месец дена подоцна, 17 февруари оваа година, во нападот на воена база загинале 29 лица. Одговорноста ја преземаа курдските милитанти.

Истите тие извршија напад на13 март во Анкара. Тогаш во експлозија на автобомби загинале 34 лица. Само шест дена подоцна во бомбашкиот напад во една улица во Истанбул се убиени четири лица. За тој напад одговорноста ја презеде ИСИС.

Седми јуни во експлозија на автомобил бомба во Истанбул загинале седум полицајци и четворица цивили. Одговорноста ја презедоа курдските милитанти.

На 8 јуни 2016: шест лица се убиени во напад со автомобил-бомба врз седиштето на полицијата, на југоистокот од земјата. За нападот одговорноста ја преземаа бунтовниците од Работничката партија на Курдистан (ПКК).

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/43SoVDb_MMc[/embed]

Слично

Поврзани вести