(ВИДЕО) Во Котор и Улцињ цели населби се под вода
Циклон ги погоди Котор и Улцињ во Црна Гора, каде цели населби и улици се под во вода.
Поради плимниот бран во попладневните часови, главниот влез во Котор беше под вода во неделата, што го отежна движењето на граѓаните и на туристите, објави „Вјести“.
Уште во раните утрински часови водата навлегла во населбата Стари град, при што биле поплавени станбени објекти, деловни простории и подруми.
Во Улцињ, дождот кој речиси непрекинато паѓа веќе неколку дена предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот и поплави на имоти во одделни делови од градот, пишува „Вјести“. Само вчера наврнале речиси 50 литри дожд на квадратен метар.
И во Македонија има поплави, а најавени се и нови дождови.
фото принтскрин
Слично
