Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Грција редиците за пeнзии пред банките продолжуваат

(ВИДЕО) Во Грција редиците за пeнзии пред банките продолжуваат

Драмата на грчките пензионери продолжува и денес. Редиците за пeнзии пред банките се од рано утринава. Прометот во продавниците паднал, со тоа што повеќето Грци се ограничуваат во набавките и купуваат претежно намирници.

Туризмот исто поднесува штета од откажаните резервации на Грците за патување и одмор во странство, објавија од Здружението на тур-оператори. При паузите на странците во Грција не се забележува голем одлив. Мерките за ограничувања на повлекување на пари не влијаат странските туристи.

Кампањата „за“ и „против“ на референдумот продолжува. Секоја вечер има демонстрации за поддршка на една или друга позиција, но митинзите завршуваат без инциденти.

На политичката сцена владејачките и опозициски партии се во акутна конфронтација не само по прашањето поставено за народна дискусија, туку и дали е политички втемелен референдумот.

Лидерот на опозицијата изјавил дека „Владата е во паника“. Истакнати грчки интелектуалци потпишаа порака со повик до Грците да гласаат со „Да“ за Европа.

Црквата, исто така изрази мислење за кризата. Архиепископот на Атина - Јеронимос изјавил дека во овој момент е потребно единство на нацијата и единство на Европската унија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gDRs0VPoZI0[/embed]
Слично

Поврзани вести