Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Грција пожарот е надвор од контрола

(ВИДЕО) Во Грција пожарот е надвор од контрола

Во Грција пожарот близу Атина е надвор од контрола. 

Под планината Пентели, денес изби шумски пожар кој поради силниот ветер се заканува на куќите. Државната телевизија ЕРТ го прекина редовното емитување на програмата и во живо пренесува специјална емисија за пожарот. Гори во должина од неколку километри. 

Поради големите суши грчките шуми секое лето ги зафаќаат пожари, а најчесто ги следат силни ветришта.

Во јули 2018 во пожар кој изби во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 102 лица. И тогаш пожарот почна од падините на планината Пентели.

foto EPA-EFE



Слично

Поврзани вести